Блинкен во Пекинг на пет и пол часовен разговор зад затворени врати

/ 18.06.2023

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Пекинг на средби со највисоките кинески претставници.

Тоа е, прва посета на висок американски функционер на Кина во последните пет години, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп започна еден вид царинска војна со Кина.

Посетата на Блинкен првично беше планирана за февруари, но инцидентот со кинески шпионски балон кој се појави на небото над Америка, ја одложи посетата.

Американскиот министер за надворешни работи во Пекинг беше пречекан од кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг. Двајцата функционери кратко разговарале и се ракувале покрај знамињата на двете земји, а потоа заминале на средба зад затворени врати. Никој од нив не сакал да ја коментира средбата и разговорот кој траел околу пет и пол часа, а продолжил на работната вечера.

– Се надеваме дека оваа средба ќе помогне односите меѓу Кина и САД да се вратат на нивото за кое двајцата претседатели се договорија на Бали – објави на Твитер Хуа Чунјинг, советник на кинескиот министер.

Блинкен денеска се очекува да се сретне со Ванг Ји, директор на Комисијата за надворешни работи на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, а можеби и со претседателот Си Џинпинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи рече пред пристигнувањето на Блинкен дека Вашингтон треба да ги „почитува клучните грижи на Кина“ и да соработува со Пекинг.

– САД мора да ја напуштат илузијата да се занимаваат со Кина од позиција на сила. Кина и САД треба да развијат односи засновани на меѓусебно почитување и еднаквост, притоа почитувајќи ги разликите – се вели во соопштението.


Од истата категорија