Американскиот државен секретар Ентони Блинкен од утре до 18 април ќе ги посети Велика Британија, Ирска, Виетнам и Јапонија, соопшти денеска Белата куќа.
Блинкен ќе отпатува во Ханој, Виетнам за да ги унапреди клучните дискусии со виетнамските партнери на прославата на 10-годишнината од заемното сеопфатно партнерство. Предвидено е Блинкен да се сретне со високи виетнамски претставници, со кои ќе разговара за заедничката визија за поврзан, просперитетен, мирен и отпорен Индо-пацифички регион.
Американскиот секретар потоа ќе отпатува во Каруизава, Јапонија, за да присуствува на Самитот на министрите за надворешни работи на Г7, на кој ќе се разговара за низа глобални прашања, вклучително и континуираната војна на Русија против Украина, нуклеарното разоружување и неширењето, храна и енергетска безбедност и унапредување на афирмативна визија за слободен и отворен Индо-Пацифик, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Пред патувањето во Азија, Блинкен ќе го придружува американскиот претседател Џо Бајден на патувањето во Велика Британија и Ирска од 11 до 14 април.