Денот 6 декември 2019 година почна како совршено нормален ден за семејството Симонс-Кридер, но околу 6 часот попладне се претвори во кошмар. Додека Кори Симонс (47) патувал со автомобил со своите две четиригодишни близнаќки, Аурора и Росалин, автомобилот се лизнал од патот и паднал во бездна.

По падот, девојчињата се обиделе да разговараат со нивниот татко, но тој не одговарал. Тие знаеле дека мораат да најдат помош. Успеале да се одврзат и излегле од скршениот прозорец. Надвор бил целосен мрак, а девојчињара немале ни чевли. Но, тие знаеле дека треба да најдат помош.

Заедно се движеле низ темната шума и се искачиле на патот. Првиот автомобил кој го виделе не застанал. Но, вториот застанал.

Тие почнале да кажуваат: „Мојот тато, мојот тато“. Жената во автомобилот сфатила што се случило и се обидела да го пронајде нивниот автомобил, но не можела. Клисурата била стрмна и длабока, а надвор темница.

Тогаш повикала полиција. Девојчиеата и рекле дека татко им крвари. Жената го направила она што можела, но знаела дека е потребна професионална помош.

Наскоро пристигнала и помошта. Полицијата го лоцирала автомобилот. Кори Симонс бил пронајден без појас и не одговарал. Сите биле пренесени во болница. За среќа, близначките не биле повредени.

Тие имале многу среќа и вистинско чудо што некој ги здогледал покрај патот, бидејќи било темно и малку биле оние кои патувале по патот.

За жал, таткото не преживеал. Нивната мајка е вознемирена поради загубата на сопругот, но исто така е исклучително горда на своите девојчиња и е среќна што се живи. Ситуацијата не е добра, но можела да биде и полоша.

Нивната 24-годишна сестра Ребека е многу горда на своите малечки сестри и иако не се физички повредени, нивните емотивни рани се длабоки. Ребека смета дека многу помогнало тоа што девојчињата биле во оваа ситуација заедно затоа што си помагале една на друга.