Регионалниот пат Демир Хисар – Кичево денеска 2 часа беше блокиран од страна на жителите од демирхисарските села.
Излегоа на протест, револтирани побараа од владата да ја реконструира оваа делница од околу 40 километри.
Патот е стар речиси половина век, преполн е со ударни дупки, а на места асфалтот е целосно раскопан. Бараат, брз, реален и остварлив датум за рехабилитација на овој пат. Доколку не им одгворат на барањата рекоа дека ќе ги интензивираат протести и ќе блокираат на повеќе места.