Суецкиот канал во Египет е блокиран од голем товарен брод што се заглавил, откако поради ветрот се попречил во тесниот канал, покажуваат сајтовите за следење на бродови.
Неколку бродови реморкери се обиделе да помогнат во придвижењето на 59-метарскиот брод „Ever Given“, што предизвика натрупување на бродовите и целосно го запре сообраќајот.
Инцидентот се случил северно од пристаништето Суец.
Суецскиот канал како единствен воден пат ги поврзува Средоземното Море со Црвеното Море, обезбедувајќи ја најкратката морска врска меѓу Азија и Европа.
„Ever Given“ е регистриран во Панама и патувал од Кина до пристанишниот град Ротердам во Холандија. Бродот се насука на пат кон Медитеранот.