По една година во пандемија, во која беа уништени многу работни места и во која економијата беше подложена на голем број предизвици, оние кои имаат среќа може да располагаат со доход, се подготвени одново да трошат.
Продажбата на мало во САД е на речиси рекордно ниво. Американците натрупале големи залихи од пари од непотребни заштеди. Според Блумберг од почетокот на пандемијата до јануари има заштеди од 1,7 трилиони долари. Прогнозите насочуваат дека со отворање на економијата расходите на потрошувачите ќе се зголемат значително. Таква ситауција имаше во април во Кина откако државата стана жариште на коронавирусот. Продажбата на Тифани во мај пораснаа за 90 отсто во споредба со лани, француската Хермес позната по лукзуни чанти од 10.000 долари заработи 2,7 милиони долари за еден ден од продавница во Гуанжу. Оттогаш Кина се обновува и покрај тоа што вирусот коси во Европа и во Северна Америка. Обновата на внатрешните летови во државата исто така предизвика заживување на секторот туризам со посети на Макао и Најнан. Трошоците на туристите се таму толку големи што големи имиња како Ralph Lauren, Estee Lauder и Coach се обидуваат да отворат уште продавнци. Сега има надеж дека и во САД ќе се случи истото.
Американската економија веројатно ќе се отвора постепено оваа година. Владата почна со стумул потези. До моментот, администрацијата на САД издаде 90 милиони чекови со стимул вкупно вредни 242 миллијарди долари во рамки на пакетот од 1,9 трилилони. Првиот дел се директни депозити и некои од нив беа добиени уште минатиот викенд, јави Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извештај.
Спред Министерството за финансии на САД по пошта се испратени околу 150 илјади чекови за околу 442 милиони долари како дел од првиот бран помош. – Тие стимули доаѓаат точно кога и еконмијата се отвора, вели Мишел маер од Бенк оф Америка. Дури и претходните стимули што беа во помал обем, во износ од 600 долари, имаа влијание и имаше скок во потрошувачката во јануари. Продажбата на мало во САД се зголеми од продажбата на облека, електроника…Продавниците забележаа раст од околу 21 отсто за минатиот месец.
Во меѓувреме, цените во САД се зголемија повеќе од очекуваното во февруари и тоа е најголем раст за една година и покрај тоа што инфлацијата е ниска. Индексот на цени во малопродажбата е зголемен за 0,4 отсто во февруари откако во јануари порасна за 0,3 отсто.
Прогнозите на инвеститорите и економистите се поделени по однос на перспетктвите за инфлацијата. Според некои ќе има трет бран зголемени цени поради зголемената побарувачка. Инфлацијата најверојатно ќе се забрза во следните месеци поттикната од стимулите за раст на доходите и кампањата за имунизација што помага да се отворат одново бизнисите, објави Блукмберг.
Шефот на Централната банка на САД Џером Пауел верува дека економијата ќе биде поткрепена толку долго колку што е неопходно и дека се уште економијата не е обновена од кризата со Ковид-19.
Според него, економијата е далеку од целите во областа на вработувањето и инфлацијата и ќе биде потребно време да се постигне нов напредок. Според прогнозите на ФЕД, американската економија ќе има раст од 6,5 отсто оваа година и тоа претставува сериозна ревизија наспротии декемвриските очекувања за зголемување од 4,2 отсто.
Блумберг – Њујорк