Европските влади ќе учествуваат во заедничка операција за обезбедување на мирното преминување на бродовите преку Персискиот залив, откако Иран минатата недела заплени британски нафтен танкер во овој регион.
Овој акт на иранската Влада од шефот на британската дипломатија Џереми хант беше оценет како „државно пиратство“, соопшти американската агенција Блумберг.
Почетокот на „Европската военопоморска операција за обезбдување мирно минување на екипажи и товари“ вчера го обзнани токму Хант во изјава во британскиот Парламент.
Обединетото кралство инсистира на итно ослободување на заробениот танкер „Стена Имперо“ и веднаш по инцидентот во Форин офисот го повика иранскиот амбасадор во Лондон, Мосен Омидзамани.
Запленувањето на танкерот се случува на една од најважните поморски контролни точки во светот. Велика Британија му се закани на Иран со „сериозни последици“ и своите британските бродови ги советува да го избегнуваат регионот и да ја информираат владата доколку планираат да патуваат во тој регион.
-Да биде јасно дека, според меѓународните закони, Иран нема право да го попречува слободното минување на бродовите, и уште повеќе да ги запленува. Тоа е акт на државно пиратство, изјави Хант во Домот на општините на британскиот Парламент.
Шефот на британската дипломатија уште кажа дека Велкика Британија нема желба да дозволи тензиите со Иран да ескалираат, што се случува уште откако САД се
повлекоа од иранската нуклеарна спогодба и кон оваа земја наметнаа нови санкции.
Хант додава дека Кралството нема да учествува во политиката на Трамп за
„максимален притисок“, бидејќи владата во Лондон останува посветена на меѓународниот договор од 2015 година за ограничување на нуклеарната програма на
Исламската република.
-Ако Иран продолжи по опасниот пат, по кој тргнал, ќе треба и да го прифати фактот дека цената за тоа ќе биде повисока од присуството на западните бродови во Заливот, рече Хант. „И не затоа што сакаме ситуацијата да ескалира, туку затоа што слободата на пловењето на бродовите е основен принцип за Велика Британија и нејзините сојузници, кои ние секогаш ќе ги штитиме, заврши тој.