Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска е во посета на Балата куќа, на која ќе се разговара за трговијата, енергетиката и безбедносните политики во Европа. Ова е прва посета на еден австриски канцелар по 14 години пауза.
Администрацијата на Трамп гледа наклонето кон 32-годишниот европски лидер, по тешкотиите за изнаоѓање заеднички јазик со Франција и со Германија во однос на трговските прашања.
Според Блумберг, Курц во САД важи за „рок-ѕвезда на европските конзервативци“. Овој епитет му го даде Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија, кој најверојатно ќе биде новиот амбасадор на САД во ОН.
Курц и Трамп имаат повеќе заеднички нешта. На пример, и двајцата имаа успешни кампањи затоа што заговараа строги имиграциски политики.
На денешната средба ќе се говори за безбедносната политика, трговијата и енергетиката во Европа. Австрискиот енергетски гигант ОМВ го поддржува рускиот гасовод „Северен поток 2“ на кој САД се спротивставува со закани од санкции. Додека германските производител на автомобили, кои можат да настрадаат од воведување на царини од САД, зависат од компании за трговија и производство на авто-делови во Австрија.
Курц е застапник на слободната трговија и ќе ги брани правата на европските избирачи во ЕУ и Австрија за сигурни работни места.
– Се што ја спречува слободната трговија ќе го загрози пазарот на трудот во Европа и во Австрија. Никој не добива ништо, изјави тој пред денешната посета.
Курц се позицинира како медијатор во несоглсувањата на Трамп со германската канцеларка Ангела Маркел и францускиот претседател Емануел Макрон за увозните царини и безбедносната политика.
Во пресрет на средбата, австрискиот канцелар одговори двосмислено на прашањето што очекува од Трамп.
– Мислам дека не можеш навистина да се подготвиш за средба со Трамп, истакна Курц.