Рускиот концерн „Газпром“ планира да започне со снабдување со гас преку гасоводот Северен поток 2 на 1 октомври, пишува агенцијата Блумберг.
Според извор на агенцијата, „Газпром“ очекува до 1 декември да почне да испумпува гас преку двете линии на гасоводот. Истовремено, рокот за испорака на гас кон европскиот систем за пренос на гас се уште зависи од одлуката на германскиот регулатор, потенцира Блумберг.
Претходно е соопштено дека проектниот оператор го завршил поставувањето на последната цевка на Северен поток 2. Компанијата очекува да го пушти во функција гасоводот до крајот на годината. „Газпром“ соопшти дека до крајот на оваа година може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас преку Северен поток 2.