Германскиот репрезентативец Џером Боатенг по една деценија мината во дресот на Баерн Минхен замина од бундеслигашот и потпиша двегодишен договор со францускиот прволигаш Лион.
Боатенг премина во Лион без обесштетување, откако летово му истече договорот со најтрофејниот германски клуб.
Роден пред 32 години во Берлин, Боатенг во својата кариера само еднаш, и тоа накратко, ги напушти германските граници и играше за Манчестер сити (2010/11).
Боатенг со Баерн освои девет шампионски титули во Бундеслигата и два трофеи во Лигата на шампиони.