Евтините авио линии, кои беа прекинати поради ковид-кризата ќе бидат обновени веднаш откако ќе се отворат границите, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-Работиме на полето на враќање на авиолиниите, но тоа не е прашање кое треба еднострано да се дискутира, туку се однесува и на билатералните односи помеѓу две земји. Како ќе се отвораат границите и ќе се олеснуваат протоколите и како здравствените работници во двете земји ќе нудат олеснителни можности во однос на ковид кризата, така ние ќе го следиме тој процес и ќе ги враќаме авиолиниите, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето на воспоставувањето нова директна авиолинија меѓу Скопје и Киев.
Тој посочи дека за 2021 година има предвидено 69,5 мииони денари за субвенционирањена евтините авиолинии.
-Веднаш штом се отворат овие стопирани линии ќе продолжиме со реализација и ќе ги враќаме. Штом се отворат границите веднаш ќе се вратат линиите кои беа запрени поради ковид-кризата и повторно ќе се воспостават. Овој месец очекуваме повторно да се воспостави летот помеѓу Скопје и Абу Даби преку Визер кој е дел од програмата за субвенционирани летови, рече Бочварски.