Најголемиот грев на нашето време е губење на чуството за грев. Ова е најголемата опасност на денешницата. Не е гревот што најмногу вознемирува, гревот е нешто што е вродено во човечката природа. Иако неприродно и противприродата, гревот стана како некоја друга природа во човекот.

Тоа што вознемирува е губење на чувство за него, безсрамно правење на гревови, неговот наметнување и озаконување поради станување во навика и неговото често повторување.

Нормално, да се направи грев не е големо зло, но да се греши и да нема чуство за грев и срам за грев е токму тоа е морничаво и опасно, што сведочи и станува знак на морално распаѓање.

Ако човек греши и ја чуствува својата слабост го признава својот пораз, тоа е знак дека уште постои надеж за покајување, поправки.
Ако пак грешите и тоа го сметате за природно, законито, правилно дури и си велите зошто да не – тоа е налошото од секое зло.