Богдан ИЛИЕВСКИ-БЕТМЕН
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО БУГАРСКАТА ИДНИНА – МЕ ТУЖАТ ЗА ДИСКРИМИНИРАЊЕ БУГАРИ
Денеска добив писмо од Комисијата за заштита од дискриминација, поради претставка поднесена против мене од едикојаси невладина ДЕЛО која цитира низа фејсбук и твитер статуси и делови од Вечерното шоу на Алфа како доказ дека сум ВОЗНЕМИРИЛ ПО ЕТНИЧКА ОСНОВА некои граѓани.
Во „обвинението“ има цитати од работи кои сум ги пишувал и говорел, кои благе везе немаат со пријавата, ќе ги прочитате и ќе се уверите, но ви го објавувам за да имате осет КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ИДНИНАТА ако ја прифатиме француската рамка за бугаризација на Македонија во која има предвидени посебни тела „да ловат“ говор на омраза на социјални мрежи.
Сум кажал и ќе кажам: за нив говор на омраза е што ДИШЕМЕ! И додека тие во нивните највисоки тела, собрание, влада, носат документи според кои Тито ги измислил Македонците во 45-та, тоа не било говор на омраза, туку моите коментари биле.