Директорот на Царинската управа и потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев на гостувањето во летното издание на Клик Плус на ТВ21 го коментираше потегот на дел од раководните структури на СДСМ со коњаница да се упати кон Крушево за време на празникот Илинден, имајќи во предвид дека имаше реакции од членството на СДСМ.
– Гоце Делчев бил содијалдемократ и левичар по сопствено убедување. ВМРО од 1903 година не припаѓа на десницата, и не припаѓа на ова ДПМНЕ. Ова е криминална партија. Историското ВМРО е на сите нас, и манифестот ги опфаќа сите граѓани. Сега тие четири букви оваа партија го искористува, а ДПМНЕ го окупираа Илинден како празник и го окупираа терминот на историското ВМРО како свој. Затоа има вакви чудни реакции. Потегот на наши симпатизери со коњаница да го прослават празникот е симболика, младината наша решила така да го одбележи, и не гледам ништо лошо, рече Богоев.