Функционерот на СДСМ и поранешен градоначалник на скопската општина Карпош, Стефан Богоев им го честита на скопјани 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

– Смрт на фашизмот – слобода на народот. Да живее слободно Скопје, напиша Богоев на својот профил на Фејсбук каде објави фотографија од Точка.

Богоев, деновиве, е во центарот на вниманието на јавноста со аферата „Голтари, па милионери“ во врска со имотот купен во близина на Беровско Езеро, за кое тој тврди дека не е негов туку го купил неговиот покоен татко, кој почина пред шест месеци.