Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека компанијата „Боинг“ се согласила да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година.

Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг“ се согласил да ги промени своите внатрешни процеси за да се подобри и да даде приоритет на усогласеноста и 1,21 милиона долари во два други случаи.

-„Боинг“ не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодување, врз основа на што  ФАА ги вклучи и дополнителните пенали, рече администраторот на ФАА, Стив Диксон.

Компанијата, која во 2015 година плати 12 милиони долари како дел од спогодбата, засега не излезе со коментар на новата казна.