Авиокомпанијата Боинг ќе инвестира 1 милијарада долари во безбедноста за да се намалат ризиците со дефекти на патничките летови како фаталните проблеми со моделот „737 Макс“, јавија некои американски медиуми.
Проектот се нарекува „Глобална авиациска безбедност“, но деталите сеуште не се познати поради затегање на повторното активирање „737 Макс“. Се вели, дека компанијата сега се фокусира на решавање на тој проблем и кога тоа ќе биде решено, веднаш започнува реализацијата на развојниот пилот проект.
Инвестициската програма, меѓудругото, предвидува подобрување на инфраструктура во воздушниот сообраќај, како системи за воздушно движење и имитација на летовите, и создавање на систем за размена на информации за конструкцијата на авионите со регуларите низ целиот свет. Исто так, се разгледуваат прашања како дали се потребни дополнителни инвестиции во тренинг центрите и создавање на учебни материјали за пилотите.
Боинг засега нема дадено коментар за проектот.