Бојан Христовски е именуван за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, на денешната седница на Владата.

Претходно Владата го разреши од должноста досегашниот директор на АНБ, Зарко Милошевски.

Христовски има повеќегодишно искуство во безбедносните институции.

Извесно време бил директор на „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од МВР.