БОКИ ПРОТИВ КИЧЕЕЦ: Јавноста да биде тука, да се види вистината со Зоран Милески

/ 13.02.2020

„Барам јавноста да биде присутна, да се види вистината со Зоран Милевски и односите кои сме ги имале и како тој мене ме манипулирал. Ова е под секое човечко достоинство, ова го зборувам сам со себе. Ова не се докази, ова е сензационализам“, истакна Бојан Јовановски, пренесува од денешното рочиште за Рекет ТВ21.

Судијката го прекина Бојан Јовановски.

Јовановски продолжи и и рече на судијката „Ве молам да не ми се дерете“.

Јовановски од забелешката за доказот, продолжи да зборува за неговата здравствена состојба.

Судијката потенцираше дека 17 лекари потпишале дека Јовановски нема малигнитет.

Доби опомена дека доколку не престане да зборува, ќе повика полиција да го изнесе од судницата.

Јовановски заврши со тоа дека од 24.09.2019 година Кичеец започнал со акција и со снимање и оти сега му е јасно зошто тоа го правел.


Од истата категорија