Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес соопшти дека планира да се кандидира на претседателските избори во 2025 година.
Моралес беше лидер на Боливија од 2006 до 2019 година. Тој рече дека се согласил да се кандидира по барањата на неговите поддржувачи.
Моралес (63) ја обвини владата на актуелниот претседател Луис Арсе дека се обидува да го отстрани од политиката мешајќи го во корупциски скандали.
Министерот за правда на Боливија Иван Лима предупреди дека Уставниот суд мора да одлучи дали Моралес има право да се кандидира за четврти претседателски мандат.