СВЕДОШТВО ВО ГРУПАТА „НЕ СИ САМ ВО ОВАА БОРБА“
Почитувани здраво на сите. И јас сум една од вас но многу тешко ја прифатив реалноста. Не сакав да верувам, одев на работа, а проблемот го ставав во позадина. Се до моментот кога се најдов во операциона сала каде ми беше направена хируршка интервенција, отстранета ми е цела града и сите жлезди.
Diagnoza Her2neu status 1+
И се почна кога се разбудив, се погледнав и сфатив колку сум била болна и што да ви кажувам: постојано плачев и плачев и секогаш кога ќе се погледнев плачев. За неколку часа тоа не си ти. Од тебе фали дел кој ти дава поинаква слика, не си комплетна, како друга си.
Десет дена не можев да се помирам и прифатам, сега веќе свесна дека нешто страшно ми се случило. Верувам во Господ и едноставно сфатив дека морам да продолжам понатаму и да се соочам со се што ќе следува и да се изборам како многуте од вас.
Сепак Господ не ни дава битка потешка од онаа која што можеме да ја носиме. Ние мора да се бориме, да не се откажуваме зашто Бог е секогаш со нас и околу нас.
Со Господ напред ќе помине и ова.
Инаку, се уште чекам резултати од Патологија, еве веке ќе иде четврта недела и тоа малку ми дава притисок, но мора да истраам и да продолжам со терапија која ќе ми ја одредат.
Бидете ми сите здрави живи и весели Господ со сите нас.





