Сурогат мајка од Македонија, која три години е веќе во менопауза, и роди близнаци на својата ќерка, објавија од битолската болница Плодност.

Таа е највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци за својата ќерка, на која и била извадена матката на 16 годишна возраст.

– Мајката, веќе три години беше во менопауза. Нејзе тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез. Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата, објавуваат од болницата.