Повеќе од милион луѓе живеат сега во јужниот дел на Газа по огромнaта преселба од север, пишуваат медиумите.

Некои од нив живеат во болницата Насер на Кан Јунис.

Тоа е втората по големина болница во Кан Јунис, опслужувајќи половина од населението. Но, во моментов, се бори со бројот на жртви кои пристигнуваат – ситуација што се надополнува со фактот дека е при крај со гориво и медицински неопходни работи.

Лекарите ги затворија повеќето одделенија и се фокусираат само на луѓе на кои им се потребни интервенции за спасување.

Вечерва над Газа летаат повеќе израелски авиони. Луѓето овде очекуваат посилни бомбардирања.