Болничарка од Инфективна заразена со Конго кримска треска, била во контакт со жената што почина по каснување од крлеж

/ 07.08.2023

Болничарка од скопската Инфективна е хоспитализирана во истата клиника откако пројавила симптоми на Конго кримска треска, потврдуваат болнички извори за Канал 5.

Станува збор за вработена која била во контакт со 27 годишната жена од штипското село Кучица, што почина пред околу десет дена по каснување од крлеж.

Според првичните информации, вработената од Клиниката нема сериозна манифестација на болеста.

Инаку вкупно 29 луѓе, најголем дел од нив здравствени работници се под здравствен надзор со решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Досега само една болничарка пројавила симптоми.


Од истата категорија