Српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ ќе ја напушти функцијата, а причината е болест, вели „Кориере Дело Спорт“ денес.
Легендарниот фудбалер ќе започне со третман како резултат на болест која е откриена по медицинскиот преглед.
Очекувањата се дека подоцна денеска 50-годишниот поранешен репрезентативец на Србија ќе свика прес-конференција на која ќе зборува по темата.
Синиша ја предводеше Болоња претходно оваа година и успеа да го спаси „црвено-сините“ од испаѓање, а на крајот ги рангираше десети во Серија „А“.
Неодамна го продолжи договорот со клубот до 2022 година.