Најбрзиот човек на планетата, Усаин Болт изненадувачки стави крај на неговата фудбалска кариера. Осум-кратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри лично ја објави својата одлука да сопре со својот втор омилен спорт – фудбалот, дури и пред да ја започне својата професионална кариера.
Како што е познато, легендарниот спринтер одигра неколку средби за австралиски Централ коуст Маринерс, а постигна и два гола во контролen меч. Двете страни долго време преговараа, но финансиските барања на Болт беа премногу големи, а австралискиот клуб одби да му го плати бараниот износ.
– Не сакам да навлегувам во подборности, но мислам дека пристапив малку погрешно кон овој предизвик. Си ги научив лекциите од овој неверојатен предизвик. Се чувствував одлично во соблекувалната на професионален тим. Беше забавно додека траеше, рече Болт за „ЕСПН“.
Спринтерот се откажува од фудбалот, иако помина тестови во Борусија Дортмунд, Мамелади Сандаунс, Стромгодсет, а освен тоа имаше понуда за 2-годишен договор од малтешкиот шампион Валета.
За време на обидот да стане фудбалер, тој доби многу критики од различни играчи, тренери и експерти, но поддршка му беше укажана од Пол Погба и Рахим Стирлинг.
– Зборував со Погба и Стирлинг, тие ме поддржаа и рекоа дека се радуваат дека се обидувам. Нема да се плашам од тоа дека некои ме критикуваа. Сакав да се обидам. Тоа беше мојот сон и се радувам што го направив, рече Болт пред „Мирор“.