Поранешниот спринтер од Јамајка и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт искажа свое предвидување кога неговите рекорди ќе бидат соборени.

– Човекот што ќе ги сруши моите рекорди сè уште не е роден. Моите постигнувања ќе бидат достигнати, но прашање е на време кога. Се надевам дека за 20-25 години ќе можам да им кажам на моите деца дека моите рекорди сè уште важат, зјави Болт.

Кога ја започнав кариерата, сколиозата почна да ме мачи. За некое време не знаев како да го лекувам, сè додека не најдов доктор во Германија. Во тој момент, мојата кариера беше во опасност, но не се откажав и успеав да го надминам искушението, додаде Болт.

33-годишниот Јамајканец постави рекорди на 100 метри (9,58 секунди) и 200 метри (19,19 секунди) на Светското првенство во 2009 година.