САД не ја оценуваат ситуацијата во Венецуела како пуч бидејќи за Вашингтон лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо е легитимен лидер, изјави американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.
– Јасно е ова дека не е удар. Ние го признаваме Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела и како што не е пуч кога претседателот на САД ќе издаде наредба до Министерството за одбрана, така не е пуч кога Гуаидо ќе се обиде да ја преземе командата врз венецуелската армија, посочи Болтон.
Тој додаде дека ситуацијата во Венецуела е многу сериозна и оти американскиот претседател Доналд Трамп и неговите советници ги следат настаните во Венецуела.
– Да кажам две работи многу јасно: прво, сакаме како главна цел мирна транзиција на власта и Мадуро и тие што го поддржуваат да знаат дека сите опции се на маса, посочи Болтон.