Во блиска иднина не претстои воена интервенција во Венецуела, изјави денеска советникот во Белата куќа за прашања на национална безбедност, Цон Болтон.
Во радио интервју Болтон рече дека се можни секакви опции за решавање на венецуелската политичка криза.
На парашање дали во блиска иднина во Венецуела претстои воена интервенција на САД, Бразил или Колумбија, или заедничка операција на трите држави, Болтон одговори негативно.
– Претседателот кажа дека се можни секакви опции. Наша цел е мирна смена на власта, нагласи тој. Американската адмнистрација му даде поддршка на опозициксиот лидер Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за претседател на Венецуела.