Дојави за бомби утрово биле испратени до хотелот „Александар Палас“, Меѓународниот аеродром – Скопје, „Ист гејт мол“ и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
Од „Александар палас“ се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.
Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.
Се евакуираат патниците и вработените и на Скопскиот аеродром. Откажани се сите летови и повикана полицијата да изврши проверка.
Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол“.
Дојава за бомба пристигнала и до средното медициснко училиште „Панче Караѓозов“, од каде се евакуираат учениците.
Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.