Во мандатот на претходниот директор на Македонски Железници Инфраструктура – Хари Локвенец беше објавен оглас за продажба на хотел на Охридското Езеро, сегашниот директор продолжува во сличен стил.
Објавен е Јавен повик бр.6075/2 за склучување на договор за пренесување на правото за градење на објект со намена деловни простории за потребите на ЈП Македонски железници Инфраструктура.
МЖ Инфраструктура го нуди своето градежно земјиште од градежната парцела 1.2, дел КП 129/1, КО Центар 2, евидентирано на имотен лист број 181152 во Општина Центар.
Според објавениот повик градежната парцела е 3.179м2, површина на градба во основа 2001м2, максимална висна на објектот 25 метри, катност П+6, паркинг простор во состав на градежната парцела и максимална изградена површина од 9003м2.
Критериум за избор на најповолен понудувач за склучување на договор за пренесување на правото за градење е највисокиот понуден процент од бруто развиената површина кој ќе биде отстапен на ЈП МЖ Инфраструктура, а кој процент не смее да биде помалку од 23% од бруто развиената површина од 2071м2.
Односно, МЖ Инфраструктура ја нуди својата градежна парцела каде во моментов се наоѓа дирекцијата на претпријатието, во строг центар на Скопје на улица Јордан Мијалков, зад ТЦ Рамстор и Дајмонт мол за неверојатно ниски почетни 23%.
Се бара понудувачот да извади одобрение за градба во рок од 9 месеци од Општина Центар.
Нема проект за изградба.
Се бара изградба по принципот клуч на рака.
Рок на изградба 24 месеци.
Рокот на самиот Јавен повик е многу краток односно 12 работни денови.
Се објавува пред нова година, односно пред почетокот на Техничката влада.
Се барат превисоки банкарски гаранции од 100.000€ и 200.000€.
Во тој дел на Скопје ваков вид на “компезации”, на сопственикот на градежната парцела му се нудат од 35% до 40% од изградениот објект.
Се поставува клучното прашање каде ќе завршат разликата од минимум 12%?
Комисии на ВМРО-ДПМНЕ