Здравствената состојба на музичарот Бора Ѓорѓевиќ е влошена и во моментот се наоѓа во болница во Љубљана.
Има проблеми со белите дробови, прима висок кислород и не може да се направи никаква операција – изјави за „Курир“ Бане Обрадовиќ, менаџер на групата „Рибља чорба“.
Фронтменот на „Рибља чорба“ пред три дена беше задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.