Откако пред повеќе од осум години изби народно востание на Блискиот Исток, т.н. Арапската пролет – тој регион претрпе огромни промени.
Во многу случаи, авторитарната власт никогаш не беше сериозно доведена во прашање, понекаде е брзо обновена, како на пример во Египет, а некаде бавно или само делумно, на пример, во Сирија.

Хаосот и крвопролевањето во Сирија беа создадени во голема мерка на надворешните фактори, а сега постои ризик од втор бран на народни протести во регионот – особено во Судан – можеби  предизвикан од влијанието на играчите од страна.

Ова не значи дека Судан ризикува да тргне во внатрешни поделби и жестоки борби на локално ниво, како во Сирија.


Меѓутоа, факт е дека многу од факторите кои денес го обликуваат Блискиот Исток, во игра се и во Судан, особено се поголемата улога на Саудиска Арабија, која, заедно со своите сојузници во Персискиот Залив, на неколку фронта води борба за влијание со Катар и особено Турција.

Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се вмешаа така што му дадоа финансиска помош на Судан, која вклучува финансиска инјекција и трансфер на евтино гориво, храна и лекови. Абу Даби беше посредник во преговорите меѓу различни вооружени групи за идните политички аранжмани, а сојузникот на Ријад, Египет, одигра улог, така што го искористи дипломатски влијание во Африканската унија.

Додека Саудијците очигледно ги поддржуваат генералите, Турција и Катар се блиски до суданските исламисти.

Треба да се разјасни дека ниту еден од овие надворешни учесници не е особено заинтересиран за целите на народните протести на теренот, ниту за развојот на вистински демократски Судан. Секој од нив од сопствени причини сака стабилност.

Пред десет години, пред Арапската пролет, Вашингтон го виде Судан како држава, која го спонзорира тероризмот: тоа е причината зошто тој беше цел не само на американските санкции за однесувањето за време на војната во Дарфур, но, и физички напад со вкрстосувачки ракети.

Судан беше доживеан како пријател на исламските екстремисти и Иран. Саудијците постепено успеаја да го воведат Судан во пошироката сунитска коалиција. Не е случајно што значаен контингент на суданската армија се приклучи на Саудиска Арабија во проблематичните напади во Јемен.

Меѓутоа, во последно време, сите се борат за влијанието врз Судан.

Во март 2018 година, Катар, Турција и Судан потпишаа договори за изградба на пристаниште Суакин на Црвеното Море и, најверојатно, основаат мала турска база на таа локација.

Многу, се разбира, ќе зависи и од храброста на луѓето што демонстрираа на улица. Не постои подготвен модел кој ќе му биде наметнат на Судан од надвор. Сепак, правецот на оваа криза зборува многу.
Големите меѓународни играчи – ООН, ЕУ, Африканската унија и други – се само споредни играчи, во извесна смисла поради тоа што нема големи засилувачки сили во регионалната политика. Администрацијата на Трамп едноставно не е особено заинтересирана за Судан.

Многу коментатори недостатокот на заинтересираноста на САД за ситуацијата во Судан, ја гледаат како пропуштена можност да го водат дипломатски процес што би можел да ја обликува иднината на Судан. И многумина се сомневаат дека Трамп најверојатно нема да работи против интересите на неговиот близок сојузник Саудиска Арабија.