Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел побара „пауза на непријателствата“ за да се дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа по интензивното бомбардирање на крајбрежната територија во текот на ноќта.
Газа е во целосен мрак и изолација додека продолжува силно гранатирање, напиша Борел на Х.
Убиени се премногу цивили, вклучително и деца. Ова е против меѓународното хуманитарно право, нагласи тој.
Ги осудуваме сите напади врз цивили, вклучително и континуираните неселективни ракетни напади врз Израел и бараме итно и безусловно ослободување на сите заложници, напиша Борел.