Шпанскиот министер за надворешни работи Жосеп Борел изјави дека живееме во мултиполарен свет во кој доминираат две големи сили – САД и Кина и дека Европа треба да се наметне како трета сила.
Тој на Стратешкиот форум на Блед истакна дека за постабилен свет неопходна е трета светска сила и дека единствената со капацитет, знаење и сила е Европа.
Сепак, додаде тој, тоа е можно само ако имаме обединета Европа, што, како што вели, во моментов не е.
Борел, кој беше именуван за нов шеф на европската дипломатија, посочи дека живееме во глобален свет и дека ЕУ мора да може да преживее во него.
– Досега не бевме во состојба на светската арена да и дадеме светски играч, наведе Борел.
На прашањето за односот ЕУ-Турција, тој рече дека е важно не само за проширувањето на Унијата, туку и за членките да бидат обединети.
– Правилото порано беше – колку сме побројни толку сме посилни, но се покажа дека не е така, туку дека има потреба од кохезија и заедничко разбирање на светот, објасни Борел, додавајќи оти ЕУ може да биде модел за успешно споделување на суверенитетот, но и капацитетите.