Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Израел предизвикува глад во Газа, пренесе Танјуг.
„Повеќе не сме на работ на глад во Газа, но сме во состојба на глад што погодува илјадници луѓе“, рече Борел на отворањето на конференцијата за хуманитарна помош за Газа во Брисел, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека е неприфатливо да се користи гладот како оружје за војна.