Во Брисел заврши новата рунда разговори меѓу Белград и Приштина. Не е постигнат компромис по ниедно прашање.
Високиот претставник на надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел рекол дека темата на состанокот меѓу претставниците не Белград и Приштина во Брисел била “одговорноста на двајцата лидери”, како и дека не станувало збор за нормален состанок.
Во текот на вечерва или утре во текот на денот се очекува обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ до нацијата.
Вучиќ за в недела од Брисел закажа итна средба со Србите од Косово, а ќе се одржи во Белград.
На средбата се поканети сите политички и институционални претставници на србите на Косово.
Денеска Вучиќ за прв пат седна на заедничка маса со косовскиот претседател Албин Курти со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак. Дијалогот се одржа по пауза од повеќе од една година.