Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави во саботата дека Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, каде албанските власти во 2008 година со поддршка на САД и Западот еднострано прогласија независност на Република Косово, го решиле етничкото прашање за движење на граѓаните преку привремената граница.

„Постигнавме договор. Во рамките на дијалогот во кој посредува ЕУ, Србија се согласи да ги укине влезно-излезните документи за лицата кои имаат косовски лични карти, а Косово се согласи влезно-излезните документи нема да ги воведе за лица кои имаат српски лични карти“, објави Борел на Twitter.

Борел, исто така, наведе дека „косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе може слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги своите лични карти“. „ЕУ штотуку прими гаранции за тоа до премиерот (во Приштина, Албин) Курти“, додава во објавата Борел.

Спорот настана по прогласувањето на независноста на Косово каде живее доминантно албанско население, откако Белград не ја признава независноста на својата јужна покраина како и Обединетите нации и пет земји во ЕУ. Белград и косовските Срби, кои главно во мнозинство живеат во северните делови, посочуваат дека според договорот од 2013 година во Брисел имаат право на здружување во полуавтономни општини со мнозинско српско население односно ткн Заедница на српските општини, што Приштина одбива да го спроведе.

САД и ЕУ настојуваат да ги спречат новите тензии меѓу Белград и Приштина во пресрет на 1-ви септември, до кога приштинската влада ја одложи одлуката за прегестрација на возилата на Србите со српски регистерски или поранешните привремени косовски таблички и со издавање на Србите влезно-излезен документ, како што српските власти ги издаваат за косовските граѓани.

Примената на одлуката на премиерот Курти, по притисокот на САД, е одложена од 1-ви август за 1-ви септември, откако Србите од северот се побунија и на 31-ви јули поставија барикади на патиштата во областа и на приодите кон двата привремени премини кон Србија.

Курти изјави претходно во интервју за германскиот дневен весник Fie Welt дека тие тензии поради неговите мерки „не ги предизвикало српското малцинство од северот на Косово, туку организираниот криминал и олигарските кои се на платен список на Србија и кои на состаноците во Белград добиваат инструкции што треба да се изведе на Косово“.

Курти изјави дека новите прописи на неговата влада за „реципроцитет“ нема да стапат на сила на 1-ви септември доколку Србија се откаже од пограничните контроли,

„Подготвен сум да му подадам рака на Вучиќ. Ако Србија се согласи во иднина да се откаже од пограничните контроли, тогаш и ние тоа ќе го сториме. И тогаш од 1-ви септември нема да има нови правила“, вели Курти во интервјуто за Die Welt од петокот.

Белград, пак, од своја страна предупредува дека специјалните полициски сили кои Приштина сака да ги направи основа на нејзината идна косовска војска, што не е предвидено со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, обвинува дека западни земји последниот период ја вооружуваат косовската полиција со формациско оружје, како и дека од Приштина се најавува примена на сила кон српското население што ќе предизвика отпор.