Европската унија не верува дека Русија може целосно да ја прекине испораката на гас, но не ја исклучува можноста за нивно намалување доколку бидат воведени санкции кон Москва.
Ова го изјави шефот на европската дипломатија Жосеп Борел на прес-конференција во САД, која преку Интернет беше пренесена од прес-службата на Службата за надворешни работи на ЕУ.
-Не веруваме дека Русија може целосно да ја запре испораката на гас за Европа. Но, не ја исклучуваме можноста за намалување, па затоа сме во разговори со партнери кои можат да обезбедат дополнителни испораки, особено со САД и Катар, рече Борел.