Западот денес има голема одговорност да спречи поделба меѓу Западот и Истокот, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде дека сојуз меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот.
Тој ги објасни и двете главни причини за огорченоста на Глобалниот Југ кон развиениот Запад. Првиот е вакцинацијата за време на пандемијата со ковид-19, кога земјите од Западот први ја добија вакцината. Вториот проблем е што послабо развиените земји ќе страдаат многу повеќе поради климатските промени, кои ги предизвикуваат индустриски најразвиените земји во светот.