БОРЕЛ: Тензиите на Европа со Русија завршија со распад на украинската територија, Белорусија не треба да биде „втора Украина“

/ 23.08.2020

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Европска Унија не планира Белорусија да стане „втора Украина“ и оти треба да продолжи дијалогот со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Тензиите помеѓу Европа и Русија завршија со истрели, насилство и распад на украинската територија, што и понатаму трае, изјави Борел во интервју за шпанскиот дневен весник „Паис“.

Тој потенцира дека треба да продолжи дијалогот со Лукашенко за надминување на кризата во Белорусија. (МИА)


Од истата категорија