Нема да бидам кандидат за премиер, изјави претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој рече дека е убеден оти најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили, ГЕРБ-СДС од една, и Промените продолжуваат-Демократска Бугарија, од друга страна.
„Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет“, додаде тој.
ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет, рече Борисов и додаде дека секој кој ја сака државата мора да направи компромис.