Фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе се чувствуваат „како дома“ при денешната посета на Баерн Минхен, бидејќи „Алијанц арена“ ќе има голем број „црно-жолти“ обожаватели.
Навивачите на клубот се добро познати по својата посветена поддршка, а денес 10.000 од нив ќе бидат во Баварија за да ги бодрат своите фаворити во дербито на Бундеслигата.
Во принцип, гостинските тимови добиваат 10% од капацитетот на стадионот, кој во „Алијанц арена“ е еднаков на 7.500 билети за вкупно 75.000 места, но од Дортмунд добиле 1/3 повеќе.
Битката меѓу првите два тима во рангирањето на германската елита почнува од 18:30 часот по македонско време. Борусија е лидер на табелата со 63 поени, додека Баерн дише во вратот на противникот и е на втора позиција со два поени помалку.