Државјанин на Босна и Херцеговина го привлече вниманието на јавноста, откако во оглас го понуди својот автомобил. Станува збор за заставиниот модел „југо 45“, кој е прекриер со алуминиумска фолија и на кровот има „сателит“, а според сопственикот поради необичниот дизајн автомобилот е невидлив за вонземјани.
Во описот се наведува дека возилото е изработено во ограничена серија и е специјализирано за борба со непознати вселенски објекти. Воедно се наведува дека има 1.066 коњски сили, а дека максималната брзина не е позната.
Од стандардна опрема се наведува дека поседува десен ретровизор, резервно тркало, амбиентално осветлување со 1.000 бои, ауспух, пакет опрема за полиција, светлечко радио и друго.
– Освен тоа, возилото тешко се забележува на патиштата и може да се користи за други намени, најчесто прељуба, стои во огласот.
Од дополнителната „опрема за вселената“ возилото поседува сателитски комуникатор за сите фрекфенции, локатор за различни оддалечености, вклучително во светлосни години, како и фолија која го прави невидлив за вонземските радари и е непробојна за нивните ласери.
Со возилото следуваат и вселенски одела.
Почетната цена е 999 конвертибилни марки (околу 510 евра), а возилото наводно се наоѓа во Бања Лука.