Црногорскиот министер за одбрана Петар Бошковиќ изјави дека сите случувања во врска со Законот за слобода на вероисповед прераснале во политички пресметка со државата и нејзиното суверено право да ги уредува внатрешните прашања.
Во интервјуто за „Побједа’ тој потенцираше дека Владата е одлучна да не толерира ескалација на протестите и какви било судири.
Бошковиќ рече дека безбедносната состојба во Црна Гора е стабилна, надлежните ресори секојдневно ги следат настаните и ќе сторат сé за секој граѓанин, без оглед на верска, национална или политичка припадност, да се чувствува безбеден и да ги извршува своите дневни активности непречено.
– Според тоа, сегашната состојба во земјата не бара ангажман на припадници на црногорската армија, која ги спроведува своите редовни мирнодопски активности, рече Бошковиќ во интервјуто за „Побједа“.