Горан Бошковски, носител на листа на советници за Советот на Општина Сарај се обрати од народниот митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Бошковски посочи дека Сарај знае, може и сака промени за има вистински развој каде ќе се градат улици, спортска сала, детски игралишта, канализациона инфраструктура.

„Денес сме собрани тука со една силна порака. Сарај се буди! Сарај покажа дека знае, може и сака промени. За мене е огромна чест и големо задоволство што денес, како носител на листа за советници, стојам пред вас, пред народот кој секогаш бил срцето на вистинската борба, пред луѓе кои некогаш не се предале и кои знаат што значи чесна работа и љубов кон своето место“, рече Бошковски.

Понатаму додаде „во изминатиот период, работевме неуморно. Бевме меѓу граѓаните, по маалата, по улиците, во секој дом. Ги слушнавме проблемите, ги почувствувавме грижите, но уште повеќе ја почувствувавме енергијата и надежта на нашиот народ“.

„Затоа, нашата мисија е јасна. Да изградиме нови улици, да направиме канализациони мрежи таму каде што со години се ветува, а ништо не се прави. Да донесеме светлина во секое маало, да направиме спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој. Сарај заслужува повеќе, Сарај заслужува подобро“, рече Бошковски.

На крај повика на масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што како советници во Советот на Сарај ќе бидат гласот на народот и ќе ги бранат и застапуваат нивните интереси.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ