Сања БОЖИНОВСКА
Енергетиката не е само производство на струја – тоа е стратегија за иднината!
Посетата на термоелектраната Тушимице во Чешка е увид во успешна приказна за модернизација. Оваа електрана е пример како инвестициите во технологија и еколошки стандарди можат да обезбедат стабилно производство со значително намалени емисии.
Заедно со делегацијата од ЕСМ разговараме за нови пристапи, учиме од искуствата на чешките колеги и бараме решенија што ќе помогнат во трансформацијата на македонскиот енергетски сектор.
Предизвиците се големи, но фокусот е јасен – подобрување, модернизација и одржлива енергетика!