„Ол-стар“ викендот во НБА традиционално ветува многу емоции, а овогодинешниот натпревар во шут од далечина ќе биде навистина неверојатен, откако браќата Кари ќе учествуваат во него.
Суперѕвездата на Голден Стејт потврди дека ќе се приклучи на Сет Кари од Портланд, за кој се вели дека е дел од турнирот. Тој ќе се одржи на 16 февруари во Шарлот, каде што двајцата пораснаа и каде што нивниот татко Дел настапуваше 10 сезони за Хорнетс, а сега е телевизиски аналитичар на дуелите на тимот.
– Самото тоа што сме во Шарлот е одлично. Ова место има голема семејна историја, а натпреварот во шут за три поени ќе биде многу забавен со браќата Кари. Знам дека Сет ќе сака да ме победи и ова е дефинитивно проблем, рече Стеф, кој ќе учествува по шести пат.
Досега има една победа во 2015 година, а минатата година во Лос Анџелес не зеде учество. Лидерот на „воините“ е втор во Лигата по реализирани шутеви оддалеку со 191 и за 7-ми пат по ред ќе ја мине границата од 200 за кампањата. Лидер е Џејмс Харден со 218. Неговиот брат, Сет е втор со 48 отсто успешни шутеви од далечина.
Натпреварот сепак може да биде уште поинтересен, бидејќи легендата Дирк Новицки, кој ја игра последната сезона откри дека ќе прифати евентуалната покана за учество. Последен пат тој беше дел од натпреварувањето во 2008 година, има триумф во 2006 година и вкупно 5 пати беше дел од шоуто.