Офицерите кои ја бранеа фабриката Азовстал во Мариупол се вратија дома од Турција, каде што престојуваа по размената на затвореници меѓу Украина и Русија, соопштија денеска од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
За време на посетата на Турција, Зеленски се сретна со овие офицери и ги врати со себе во Украина.
Тој во Турција се сретна со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и со вселенскиот патријарх Вартоломеј, пренесува Киев Индипендент.
Меѓу бранителите се Денис Прокопенко, Сергеј Волински, Свјатослав Паламар, Денис Шлеха и Олех Хоменко, рече Зеленски.
Претходно се очекуваше тие да останат во Турција до крајот на руската војна против Украина.