Актерот Бранко Милиќевиќ, познат како Бранко Коцкица од емисијата „Коцка, коцка коцкица“, која се емитуваше од 1974 до 1993 година, вели дека денешните деца, се многу различни од оние со кои тој се дружел додека го снимал своето славно шоу.
„Јас сум обесхрабрен, децата сега се сосема поразлични. Кога ја снимавме Коцкица, јас ќе реков – Е, донеси ми чаша вода. И десет од нив ќе отрчаа. Кога пред 10 години повторно ја правевме Коцкица, ти кажуваш некој да донесе вода – никој не се поместува“, вели некогашниот омилен детски водител.
“Децата слушаат, но тие веќе не го регистрираат гласот на возрасните. Како да имаат филтер за глас на нас возрасните. Мислам дека тоа е обесхрабрувачко. И се е полошо. И ќе биде полошо. Погледнете ја Топката. Секаде нешто се војува. А ние возрасните … Залудно е што некои се во убави костуми кога испраќаат бомби“, вели Коцкица.